Сејдини: Ова е повеќе од победа – неуспесите нè прават посилни!


Македонската фудбалска репрезентација славеше со 2-0 во многу важен натпревар од Лигата на нациите против Ерменија. На дождливото време во Скопје нашите фудбалери покажаа карактер и дојдоа до круцијални три бода.

На трибините на Арената „Тодор Проески“ стандардно беше и првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. По победата на Македонија, претседателот на федерацијата сподели и неколку зборови до своите фудбалери.

„Вечерва македонската фудбалска репрезентација покажа што значи да се бориш до последниот свиреж. И со еден играч помалку во второто полувреме, играа со решителност, сила и верба. По тешка година, оваа победа е доказ за духот и посветеноста на нашите играчи и тим.

Ова е повеќе од само победа – потсетник дека неуспесите не прават посилни. Продолжуваме да се бориме, заедно.

Ви благодариме на сите што веруваа, дури и во тешките моменти. Нашето патување продолжува.

Напред Македонија!“, напиша првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија.

Македонија го затвори септемврискиот циклус со реми и победа, а со четири бода е лидер во групата. Во октомври момците на Милевски гостуваат во Летонија и Ерменија.

- Реклама -