Кога не треба да се впуштате во секс авантура

Следниве неколку совети кои се наменети за жените, односно се однесуваат на моментите кога тој не заслужува да ја добие вашата доверба, односно вашето тело.

Колку основни информации знаете за него?

Да, пред што било да направите, запрашајте се колку ги знаете основните информации за него? Тука се мисли на тоа дали знаете каде живее, колку точно години има и што работи? Без да ги знаете овие три важни работи никако не се впуштајте во интимна врска.

Колку негови поранешни партнери познавате?

Поранешните партнери не се мерило на тоа колку тој ве сака, доколку познавате некоја тоа е сосема нормално, но доколку познавате повеќе, размислете дали можеби за кратко и вие би биле на таа листа?

Колку често ве контактира?

Дали често ви се јавува само за да ве праша како сте? Доколку тоа го прави често тогаш тој навистина се интересира, но доколку тоа секогаш го правите вие, а тој многу ретко одвојува време за да ве побара, тогаш помислете што ќе се случи откако ќе го добие тоа што го сака.

Колку го почитува вашето мислење?

Почитувањето на вашето мислење е важно. Забележете колку тој ве почитува како личност и оценете дали заслужува да ја добие целата доверба од вас. Пред да се впуштите во сексуален акт, размислете како тој се однесува кон вас кога сте заедно пред неговите другари. Доколку се однесува љубезно, а кон вас се поставува заштитинички, тогаш тој навистина сака нешто повеќе освен само секс, а кога еден маж сака повеќе отколку само секс со една жена, тогаш заслужува да му дозволите да биде толку блиску до вас…

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати

Колку често размислува за секс?

Секој маж и секоја жена размислуваат за секс и тоа е нормално. Но, колку често пред вас зборува за секс? Колку често се обидува да ве наведе на тоа? Не наседнувајте на мажите кои очајнички ве наведуваат на секс бидејќи тие ќе си заминат веднаш откако ќе го добијат. Правиот маж ќе побара од вас да имате сексуален акт, но нема да инсистира премногу доколку вие му кажете дека сепак ви е потребно време за да бидете спремна, ова е нешто што никогаш не треба да го заборавите…

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -