Секс без емоции

За сексот читаме и слушаме многу. Знаеме дека тој е најголемата интимност помеѓу двајца луѓе кои се поврзани емотивно, ментално и физички .

Но, денеска ќе позборуваме малку за сексот без чувства , без обврзување, без непотребни катаклизми. Само секс.

Сексот во наше време е насекаде, а сексот без емоции во наше време не е нешто што се смета за табу тема.

Заминувате во барот, среќавате секси партнер и завршувате заедно на некое интимно место. Што потоа? Наутро секој го облекува својот грев, испран од „задоволство“ и си замнува физички нафиксан, со испразнета душа и комплетна сатисфакција.

За многумина ова не во согласнот со моралот, па не се нафаќаат на авантури од овој тип. За други е сосема нормално.

Има и такви, кои се нафаќаат на ваков чекор поради незадоволство од неславен крај во претходната врска, одмазда или пак алкохол. Последното е најлошата опција. Зашто, како што одминува дејството на алкохолот, одминува страсната опиеност, одминува екстазата и останува празнина, поголема од сите испиени шишиња од претходната вечер.

Осврнувајќи се на една ваква тема, секогаш има онакви што практикуваат, но и такви кои осудуваат. Зошто? Затоа што сексот за една ноќ погребува политички кариери и „напојува” бројни медиуми. Тој е разговаран и осудуван, речиси од сите. Но во ред ли е сет тој гнев насочен кон  мажите и жените кои што бараат случаен секс. И што се крие зад нормите на сексуалниот морал?

Експертите велат дека користа или штетата од случаен секс зависат од тоа како ние самите се однесуваме кон него. А луѓето почесто го осудуваат.

4b7cc8582883bbb31ff71e76f2c812c9

Во што се вкоренети причините на осудувањето на случајните сексуални односи?

Безразлика на полот, возраста или религиозните предрасуди како  неприфатлив случајниот секс го пронаоѓале оние луѓе кои што веруваат  дека материјалната зависност на жената од мажот е нешто природно. При тоа овие луѓе ги осудуваат во еднаква мера како жените, така и мажите склони кон случајни врски.

Научниците претпоставуваат дека објаснувањето на овој факт се крие во еволутивната психологија. Во продолжение на една подолга фаза од развојот на човештвото сексот бил тесно поврзан со потребата од зачувување и распределбата на материјалните ресурси. И жената која „криви” од вистинскиот пат ризикува  да остане без средства за егзистенција, а детето родено од таа врска да биде едноставно осудено.

Кај мажите ситуацијата исто така била проблематична, бидејќи се создавале уште усти за хранење. При тоа без да има гаранција дека овие “грла” се токму негови.

За ова сексуалниот морал е диктиран од потребата за опстанок и продолжување на родот и зачувувањето на неговите ресурси.

Денес ситуацијата е радикално поинаква. Жените можат да заработуваат, а генетските анализи го решаваат прашањето за татковството.

Навидум веќе нема причина да се осудува случаен секс. Тогаш зошто ние, или барем мнозина од нас продолжуваат да ставаат груби и навредливи етикети на неговите практикувачи? Бидејќи човечката психа се менува многу бавно и не успева да се носи со брзите социјални промени и научно-техничкиот напредок.

Можеби по 500 години случајниот секс ќе стане нешто сосема нормално. Ако до тогаш човечката еволуција не понуди некое друго изненадување.

Никој не вели дека треба да го практикувате, напротив ако се одлучите за негова примена задолжително истражете ги сите опции на сексуална заштита и вашата психичка состојба да се сносите со емоциите по чинот, но осудата е излишна. Секој го прави она што го сака, освен ако со тоа  директно и свесно не му наштетува некому.

- Реклама -