Што сигурно не сте знаеле за сексот за една вечер

Иако постои слепото верување дека сексот за една вечер не е добар како потенцијален почеток на сериозна врска, може да го поминете животот со партнерот со кој на првата вечер сте отишле во кревет, покажуваат новите истражувања.

Сексот за една вечер си има своја репутација, а ако често го практикувате, може и вие да добиете незавидна. Сепак, добрата вест доаѓа од Универзитетот во Ајова, каде научниците доше до заклучок дека овој чин не ги убива шансите за сериозна врска. Клучното е во начинот на кој ќе се однесувате следното утро со партнерот.

Социолозите за време на истражувањето заклучиле дека релациите што започнуваат со искра во креветот не се осудени на пропраст, бидејќи најважно е мислењето на двајцата партнери за иднината на таа средба. Иако владее мислењето дека поквалитетните врски почнуваат со разговори, допири и чувства, а потоа следува сексот, истражувачите нагласиле дека раниот секс не е виновен за крај на врската.

Паровите што имале секс како пријатели или познаници и биле отворени за сериозна врска, завршиле исто толку среќни, како и оние кои чекале подолго пред да заминат во креветот.

- Реклама -