Сексот навистина е лековит

Добриот секс е нешто што го посакуваат и мажите и жените. Но, освен што сексот нуди уживање и опуштање за двајцата партнери, сексот нуди и здравствени придобивки и олеснувања.

Сексот ги намалува маснотиите

Да, неколку последователни студии докажаа дека сексот освен што ги јакне коските и мускулите ги намалува количините на холестерол и триглицериди, па со тоа можеме да кажеме дека сексот се бори со васкуларните заболувања.

Сексот ги олеснува менструалните тегоби

Сексот е идеално решение за намалување на предменструалните и менструалните тегоби. Делува позитивно и на телото и на расположението.

Со секс до витка линија

Сексот е идеален начин за слабеење. Дефинитивно идеално се вклопува во секоја диета. Со практикување на секс еднаш седмично, за една година ќе потрошите повеќе од 8 000 калории, што е еднакво на 120 километарски маратон. Па вашето следно мото за витка линија нека гласи: Здрава храна и редовен секс.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Сексот и кардиоваскуларниот систем

Сексот го јакне срцето, го намалува количеството на маснотии а со тоа ги штити и крвните садови. За време на сексот ние длабоко дишеме што овозможуваме добра оксигенизација на целото тело.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -