Податоците добиено од едно неодамна направено истражување за британските туристки се повеќе од загрижувачки.
Истражувањето вклучило 2.000 британски туристки на просечна возраст од 25 години. Податоците се навистина загрижувачки, а ова се најважните детали од истражувањето:
- Дури 80 проценти од Британките имале секс со некој непознат за време на туристичкиот престој
- Дури 30 проценти од нив спиеле со домаќините каде што престојувале
- 21 проценти од нив спиеле со некој од хотелскиот персонал
- 18 проценти од нив имале секс со туристичките водичи или организаторите на патувањето
Но, најпроблематичниот податок во целото истражување е што дури 40 проценти од нив не користеле кондом како заштита. Модерните Британки се грижеле само за несаканата бременост користејќи контрацептивни пилули, но не се загрижени баш за сексуално преносливите болести.
„Mачо“ фраерите кои доаѓаат од разни земји исто така сакаат да се забавуваат и да го зачинат својот одмор со секс со згодна девојка, но еве што може да добиете како подарок за возврат:
- сифилис (triponema palidum),
- гонореја,
- сида (HIV),
- хепатит Ц,
- кламидија,
- ХПВ (типови што предизвикуваат рак или брадавици)
- и многу други сексуално преносливи болести.
Знаме дека понекогаш понесени од моментот и шармот на морето, не можеме да им одолееме на убавите туристки, па затоа нема напразно да ве советуваме да избегнувате секс на одмор, туку едноставно ве советуваме да внимавате на заштитата и никогаш не практикувајте секс без кондом, во спротивно тоа лето може да ви остави мрачни спомени.
Објавено во соработка со За Здравје.