Сузана Манчиќ се одлучила на третманот „вагинално оросување“.
Сузана Манчиќ позната по извлекувањето на лото, но и по своите домашни порно филмови за кои дури напишала во своите две книги, се одлучила на третманот „вагинално оросување“. 59-годишниот секс симбол на поранешна Југославија наводно се подложила на тоа со цел на својот свршеник, Симеон Оцокомос, да му биде уште попривлечна.
Како што пишуваат српските медиуми, Сузана оросувањето го направила во Врњачка бања, а нејзина пријателка открила дека изгледот на Сузи е многу добар токму поради тоа што постојано посетува салони за убавина.
„Не можам да ви опишам какво е вагиналното оросување, морате самите да го искусите“, рекла Сузи.
Инаку, третманот на оросување на вагината се извршува со испирање со голема количина минерална вода, по кое интимната област е посвежа, младолика и поубава. Третманот се изведува во серија на десет третмани, а се препорачува и за лекување низа болести на репродуктивните органи.