Секс совети од порно легендата Џена Џејмисон

Ако некој знае, тоа е легендарната порно дива Џена Џејмисон.

Таа ги сподели своите искуства во креветот, со цел да ги посоветува мажите во светот и им укаже како треба да се однесуваат со партнерките во спалната соба.

Почестете ја со некој комплимент

Секој ден, барем еднаш, кажете и на саканата дека има прекрасен задник. Ова е многу важен комплимент што го менува животот. Кога одам гола низ станот, мојот драг веднаш коментира „О боже, толку си секси!“, а тоа ме прави многу посигурна во сексот, бидејќи имам самодоверба. Не мислам на ништо друго и се препуштам со цело тело. Не мислам ни на целулитот (*смеење*). Многумина мислат дека ги немам тие проблеми, ама како и сите жени, имам иста несигурност. Така, најважно е жената да се чувствува убава, пожелна и секси. Не само во предиграта и главната игра, туку цело време.

jenna-jameson[1]

Никогаш не зборувајте за бивши девојки

Ова не го правете во ниеден случај, бидејќи фактот што се присетувате на поранешната нас не лути. Избегнувајте го по секоја цена. Ако таа проба да ве вовлече во таков разговор, секогаш мудро молчете – ве тестира. Девојките често ги мачат мисли како „Ти недостига ли бившата девојка? Треба ли да се грижам?“. Значи, никогаш не разговарајте за поранешните.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Не брзајте во сексот

Иако сте попалени и сакате веднаш да продрете во својата драга, немојте. Одолговлекувајте до точката кога таа ќе моли за тоа. Тоа е многу важно. Жените ќе го ценат тоа. А кога ќе се случи, сексот е сосема друга приказна.
Кога ќе запознаете некоја жена, не навалувајте веднаш за секс. Покажете дека знаете да се контролирате и дека ја цените. Иако многумина чекањето ги излудува, верувајте, се исплати.

passion 2

Зборувајте во текот на сексот

Немојте да ќутите. Шепните и дека е неверојатна, дека сексот е одличен и дека добро мириса. Речите и дека е подобра од што сте замислувале и дека сакате така да биде засекогаш. Девојките го сакаат таквиот начин на комуникација. Го обожаваат!

Галете се

Задолжително галете ја после сексот. Јас никогаш не сум била премногу нежна, ама сега кога го сакам човекот со кој живеам, обожавам да заспијам лице во лице со него после водењето љубов. Она негово „вау“ е посебно. Само завиткајте ги рацете околу неа, речите и дека било неверојатно и заедно потонете во сон. Без разговори за работата или она што ве чека утре. Само опуштете се и сонувајте заедно.

- Реклама -