Секс во оние денови во месецот: Да или не?

Отворањето на оваа тема во врската може да ве направи нервозни.

Стигнаа оние денови во месецот. Тоа не мора нужно да значи црвено светло за вашиот сексуален живот. Уште повеќе, може да си дозволите дополнителни задоволства…

Температурата расте, тој ви ги откочува панталоните, но вие имате менструација. И…што сега? Експертите ќе ви речат само напред!

Сексот за време на оние денови може да ви донесе многу задоволства. Не само што ќе ги ублажите непријатните грчеви, туку сексот ќе ви биде задоволство, а оргазмот посилен. Меѓутоа, без оглед на сите позитивни страни, расположението ќе ви го расипе тоа што на вашето момче можеби не му се допаѓа оваа идеја.

H

Дивото либидо е последната работа што би ја поврзале со првите денови од менструацијата. Меѓутоа некои жени имаат голема желба за секс на почетокот на овие денови. Тоа е последица од неколку фактори, а еден од нив е и зголемен проток на крв низ гениталиите. Телото не препознава разлика меѓу менструалната крв и природната лубрикација, така што реагира на ист начин како кога сте возбудени и „напалени“. Освен тоа, матката се оптегнува, лесно се отвора и станува почувствителна, па чувството кога партнерот ќе ве допре за време на пенетрацијата ќе биде одлично.

Оваа комбинација кај некои жени доведува до посилен оргазам, а оргазмот во тоа време е природен лек против гчевите.

sex-2012_main

Отворањето на оваа тема со момчето може да ве направи нервозни. Многу мажи не го одбиваат тоа, затоа што едноставно сакаат да имаат секс. Повеќето мажи не се воодушевени од таа идеја, но сепак ќе се согласат на секс, а помал е бројот на мажи што немаат никаков проблем.

Ако двајцата немате против да имате секс кога имате менструација прескокнете ја позата кога девојката е горе, затоа што гравитацијата не ви оди во прилог. А ако направите неред, ве чека заедничко туширање.

- Реклама -