Секс за една вечер: Правила за луда ноќ

За некои е неприфатлив, некои уживаат во него, некои сакаат да го пробаат…Како и да е сексот за една вечер ретко кого остава рамнодушен. Иако се чини дека е без правила, тие постојат.

Правило бр.1: Понеси кондом

Ако веќе планираш да направиш нешто по малку неодговорно, погрижи се да не резултира со нов член на семејството или болест. Немој да сметаш на тоа дека другата личност има заштита, туку погрижи се да имаш сопствена. Подобро е двајцата да имате кондом, отколку да немате ниту еден.

black-and-white-couple-photography-shorts-Favim.com-136271

Правило бр.2: Исчисти ја собата

Не мора да го светнеш секој дел од собата, но ако мислиш дека постои шанса некого да доведеш во кревет можеби би било паметно чаршавите да бидат чисти. Сексот во соба која изгледа како џунгла баш и не е толку секси.

Правило бр.3: Размисли два пати

Си сретнала згодно момче/девојка, малку повеќе испивте и сега планирате возбудлива ноќ? Колегата/колешката од работа ти се чини како добар избор? Ако некако можеш разумно размисли за сексот кој повеќе нема да се повтори. Ако станува збор за некој кој ќе го сретнуваш секој ден, можеби е подобро да одиш дома сам/а или со некој друг.

tumblr_magrrdcL6i1qf9ufpo1_500

Правило бр. 4:Бирај го местото на злосторството

Што значи дека ако живееш со родителите обиди се тоа да не се случува кај тебе. Сигурно не сакаш да го/ја сретнат утредента.

Правило бр.5: Дефинирај што правите

Нема полошо чувство од тоа да се разбудиш покрај синоќешната „грешка“ која мисли дека сега сте во врска. Бидете јасни. Ова е секс за една ноќ. Ако подоцна прерасне во нешто повеќе нема да има проблем, но ако една личност очекува врска, а другата сакала само добар помин, тогаш забавата е уништена за двајцата.

- Реклама -