Секс за време на менструалниот циклус

Иако можеби не сте го практикувале, сексолозите советуваат дека можете да имате голем бенефит од него.

seks_1443980613_670x0_1444305570_670x0

Сексот за време на менструалниот циклус не е нешто што паровите го прифаќаат со воодушевување. Сепак, сексуалните односи во оние денови би можеле да бидат многу корисни за женското тело и женското здравје.

1. Оргазмот ја намалува болката

Големото О ги ослободува хормоните поради кои се чувствуваме добро, како што е окситоцинот или допаминот. Поради тоа сексот за време на менструалниот циклус се смета за пожелен: истиот ќе ги намали грчевите и болките во стомакот предизвикани од менструацијата.

2. Проширете ги вашите сексуални хоризонти

Сите знаеме дека менструацијата може да биде хаотична. Затоа избегнуваме односи бидејќи сме исплашени дека ќе ја извалкаме постелнината. Тоа може да биде причина да се обидете со некое друго место и поинаков секс, на пример под туш.

Прочитајте и:  Што вели науката: Дали хималајската сол е измама?

3. Не ви е потребен лубрикант

Доколку успеете да се изборите со претходно наведените проблеми, знајте дека менструалната крв може да биде добар природен лубрикант.

4. Зголемете го вашето задоволство

Доколку тоа го правите додека имате сексуални односи, можно е да ги срушите сите бариери кои ги имате во врска со себе.

5. Подобро расположение

Промената на расположението е второто име за менструација, но, доколку бидете интимни со својот маж, ќе се чувствувате многу подобро и поведро, а така и ќе увидите и колку сте блиски.

- Реклама -