Во самата своја суштина, зависноста од секс значи „претерување со секс“. Ама чекај, зарем може да се претера со секс? Експертите велат, да, не за џабе се вика „зависност“.
Според Американската психијатриска асоцијација, хиперсексуалното нарушување се јавува кога „во период од најмалку шест месеци, лицето доживува постојани и интензивни сексуални фантазии, сексуални нагони и сексуално однесување кое го занемарува ризикот од самонаштетување“. Другиот знак е „впуштање во овие сексуални фантазии како одговор на дисфорично расположение“.
Ама ај да ги баталиме експертите, и наместо тоа да прашаме луѓе што осетиле на своја кожа…
Едно од здруженијата за поддршка и помош на секс зависници е Sexaholics Anonymous од САД, слично на прочуеното здружението на алкохоличари – се работи за група базирана на програма од 12 чекори која би требало да ти помогне да се избориш и извлечеш од зависноста. Членовите на здружението, освен што имаат заеднички сесии за разговор, релативно редовно се дружат и заедно излегуваат. Иронично, многу од средбите на Sexaholics Anonymous се одвиваат во стриптиз барови. Ако ги загледате од страна, личат на сите нормални луѓе, сé додека не ви раскажат како стигнале таму. Приказните ни ги пренесува Vice.
Дилан Р. (26)
финансиски советник
Како дојде до точката да помислиш „Јас сум секс зависник“?
Висев со лошо друштво. Едно нешто водеше кон друго и се навлеков на кристал мет. Почна од еднаш неделно, но набрзо стана преку цел викенд. Не знам дали знаете нешто за пушењето кристал мет, ама те прави многу попален. Па така почнав да ја крадам кредитната картичка на мајка ми за да ја користам во евтини азиски бордели. Тие користат чудни имиња кога ти наплаќаат, за да се замаскира ситуацијата, па некое време успевав да се провлечам неоткриен. Но набрзо почнав да ја злоупотребувам ситуацијата и да одам во бордел по четири пати неделно, всушност секогаш кога бев „хај“. Ептен им ја заебав финансиската ситуација на родителите. Тие не заработуваат многу, а ете ме мене како им ја доупропастувам со мојата зависност, зад нивниот грб.
Како заврши?
Моите сакаа да одат во полиција за да откријат од каде се сите тие трошоци на нивните кредитни картички, па морав да признаам. Бев толку посрамен. Единствениот начин да ми простат беше ако одам на рехабилитација и ја адресирам мојата сексуална зависност. Чудно е како нешто вака драматично и засрамувачко всушност ме мотивираше да бидам поотворен и искрен и да ја споделам мојата приказна. Колку повеќе откривам на средбите, толку послободно се чувствувам како личност, и сé полесно ми е да продолжам понатаму.
Што е најдоброто на овие средби?
Споделувањето на твоите тајни. Не се чувствуваш веќе како валкан наркоман. Мојот главен проблем беше што кога ја оставив дрогата, сé уште очајно ги фрлав парите по бордели. Сите на средбите се многу фини. Тие искрено се овде за да ти помогнат, а не да те осудуваат. Во многу од круговите на друштва во кои висев, тие само зборуваа погрдно еден за друг и те влечеа надоле со нив; во друштво едноставно се смееја, како да е кул или смешно тоа што крадев од моите родители. Само зашто имаа бенефит од тоа. Во средината на сето тоа, ја губиш реалната перспектива на тоа што го правиш. Овие момци (зборува за членовите на Sexaholics Anonymous) ми помогнаа да видам светот што има светот да понуди надвор од коцкањето, барањето дилери во 5 наутро и опсесијата со импресионирање на курви.
Тони (37)
сметководител
Како заврши тука?
Поминував многу од времето во канцеларија и често оставав мојот работен живот да го преземе мојот друштвен живот. Немав ни многу време да излегувам за викенд. Сакам да работам и да поминувам многу од моето слободно време мислејќи на работата и размислувајќи за акции и анализи на берзи и трендови. Пријател од работа правеше ергенска забава во луксузен хотел, при што имаше и стриптизерки и кокаин. Кога забавата приумре, неколку од нас сакаа да продолжат со вечерта, па некој предложи да одиме во Готам Сити – елитен бордел во јужен Мелбурн. Ептен ми фати око една од тамошните девојки, па почнав да ја гледам секоја недела. Набрзо ми стана рутина. Почна еднаш неделно, па два пати, па три пати неделно.
Кога препозна дека ова е проблем?
Кога почнав да трошам по над 2.000 долари неделно. Одев во четири до пет различни бордели неделно, некогаш се гледав со повеќе девојки во секој бордел. Престанав да вежбам и да се гледам со пријателите. Беше премногу лесно. Неколку години претходно бев во долга врска што отиде у к*рац, и оттогаш ми оди тешко на дејтинг сцената. Тонејќи по спиралата, излетав од својот пат. Не можев да престанам да мислам на одредени девојки на работа. Тие почнуваа да ми праќаат пораки, не бидејќи им се допаѓав, туку бидејќи можеа од мене да исцедат доста кеш. Јас се однесував како да ми се девојки, ама на крајот сфаќам дека плаќав (не само парично) за тоа. На крајот останав шворц и му се отворив на еден од пријателите на работа, а тој ми предложи неколку вебсајтови. Тешко е бидејќи не можеш да престанеш да мислиш на тоа. Ме сфаќате, навистина обожавам жени и секогаш сакам да сум околу жени. Но тоа не беше правиот начин. Се почувствував како најдолно гомно кога сфатив дека ги интересирале само парите; не им беше гајле што правам преку ден или нешто слично.
Како ти помогна рехабилитацијата?
Многу ми помогна. Утешно е да знаеш дека не си сам. Некогаш се чувствуваш како вистински перверзњак. Не е баш цивилизирано да трошиш пола од времето вон работа на проститутки. Те прави прилично депресивен и благо ментално болен. Но е навистина утешно да ги слушаш приказните на другите момци (од групата) и да знаеш дека тоа твоето е прилично често. Тоа ти е како коцкање или зависност од кокаин. Не бараш љубов или нешто слично; едноставно си зависен од актот на имање секс.
Џони Б. (39)
невработен
Што те доведе до рехабилитација?
Чекав да ми стигне чекот од социјално на секои две недели и ги трошев парите на проститутки. Некогаш дури и не заспивав претходната вечер, од исчекување. Попалените мисли ме опседнуваа и навистина преземаа контрола врз мојот живот. Ќе направев сé за да се испразнам, а тоа не е добро место каде што треба да ти биде умот.
Што кога не можеше да собереш пари?
Па, тогаш гледав порно по цел ден. Навистина беше тешко бидејќи поминав некое време во затвор, околу 8 години, па немам многу пријатели што можат да ме запознаат со женски и сл. Одам во локалниот бар и понекогаш пробувам да разговарам со девојки, ама на крајот само се чувствувам како валкан старец. Бев одбиван прилично остро, и тоа ми ја уби самодовербата. Па сега сум сексуален интроверт. Ама навистина ми го растури животот. Имам направено нешта по кои останував без пари за храна за таа недела.
Како ти помогна рехабилитацијата?
Па, советувањето навистина ми помогна да ги изразам моите емоции пред другите и да не чувам сé затворено во мене. Ова навистина е болест, како ментална болест. Направив нешта на кои воопшто не сум горд. Висев со проститутки по улици и ги молев да ми дадат на пишанка, демек некоја ќе се согласеше. Ама во главата стануваш очаен, и правиш очајни нешта. Момците, од друга страна, се навистина добри кон мене. Излегуваме и се дружиме, и тоа ти ја крева самодовербата. Последниов месец се гледам со една девојка што ја запознав кога бевме излезени, а ме чекаат и неколку интервјуа за работа. Навистина ми помага; бев во лоша состојба кога бев сам.
Џејсон Х. (52)
градежен техничар
Зошто се декларираш како секс зависник?
Е па, женет сум и имам четири деца. Поминував низ малку исклиширана средовечна криза. Ми здосади животот. Се почувствував како секој ден да е исто срање. Се навлеков на спид, и тогаш почнав да висам со другари по баровите и да поминувам сé помалку време дома. Одев на „банкет“ во кинеските бордели во другите предградија. Пред да трепнеш, безмалку имав девојка која ја посетував на секои неколку дена. Почнав и да ѝ праќам подароци и да ѝ префрлам пари на нејзина сметка. Мислев со к*рот, а семејството го оставив во втор план.
Како заврши?
Почнав да користам пари од бизнисот за да плаќам за своите патувања во Тајланд. Праќав пари и за нејзиното „семејство“ кое живееше преку океанот. Набрзо од приватен детектив дознав дека таа само ме мота и дека живее во Австралија со своето семејство. Само ме крадела. Жена ми исто така дозна; знаеше дека се однесувам чудно, а повремено и поминувала покрај градежните локации за да провери дали сум таму, додека јас бев по бордели или во мотели. Сигурно не ѝ беше тешко да ме фати. На крајот признав, и тогаш почнавме да посетуваме брачен советник. Бракот уште ни е прилично разнишан. Децата не ми зборуваат, ама ако, заслужувам. Уште не сум се опоравил целосно, да бидам искрен. Уште се гледам со курви отприлика на секои две недели, ама се обидувам да намалам. Ова е најзначајната промена за мене. Но некогаш, едноставно чувствувам дека сме само животни. Имаме потреби. Не е љубов. Сакам да кажам, бев затрескан во последната девојка, ама веќе не. Само физички е; ја сакам жена ми.
Се чувствуваш ли подобро во моментов?
Благодарение на рехабилитацијата, одам по бордели многу поретко. Порано одев по 4 пати неделно во бордели, и безброј пати на pip-шоуа и по стриптиз клубови. Рехабилитацијата ми помогна да погледнам на семејните вредности од нова перспектива. Таму се добрите делови од животот; сексот и забавите прават да се чувствуваш добро во моментот, ама тоа не е реално – тоа е само привремено. Вистинската љубов е со твоите деца. Тоа е тоа што трае. Тоа е златниот стандард.