Оваа црнка боксува, се тетовира, се забавува… Во никој случај не е пример за фина манекенка. Но, сепак, Бамби го освојува светот.
Бамби Нортвуд Блит е модел кој што добро изгледа – дел поради бунтовноста во ставот, а дел поради нежното лице.
На само 23 години работела за лидерски модни дизајнери и ги освоила насловните страни на магазини како што се “Elle”, “Vogue”, “Bazaar”…
Доволно е да видите една фотографија и ќе ви биде јасно зошто е тоа така.
Меѓутоа, за разлика од нејзините колешки, кои внимаваат на исхрана и се обидуваат секогаш да изгледаат како да се симнале од модната писта, Бамби изгледа нема време ниту нерви за такви работи. Но, затоа секогаш добро се забавува, поради што стекна репутација на „секси палавка“.