Сексот најдобро го одржува телото

Луѓето трошат многу време и пари на козметика, препарати за разубавување, таблети за слабеење и суплементи за виталност, и сето тоа го прават за да изгледаат поубаво, но сепак истото можете да го добиете на природен начин со редовно практикување секс.

Сексот го шминка телото

Редовниот секс ја подобрува циркулацијата во телото, го прави витално, ги зацрвенува уните, ја прави кожата поцрвена, витална и нежна. Оваа шминка е многу подолготрајна од онаа која самите си ја нанесувате.

Сексот ја зацврстува косата и го забрзува нејзиниот раст

Секој фоликул има свој крвен сад, мал, но функционален, со добрата циркулација се подобрува дотокот на крв, исхраната на влакното, како и квалитетот.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Сексот го намалува стресот

Сексот продуцира хормони кои имаат функција да го опуштат телото и да го релаксираат. По секс телото е смирено и лесно можете да заспиете.

Сексот ги нагласува облините

Под дејство на хормоните за време на сексот вашите гради можат да изгледаат поголеми за повеќе од 20 %.

Сексот го чува кардиоваскуларниот систем

Различните пози кои ги практикувате за време на сексот делуваат како вежби за телото. Ако чинот трае подолго, подобра ќе биде и циркулацијата и крвениот систем, а и телото воопшто.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -