Пејачката и актерка Селен Гомез во новото интервју за „Венити фер“ откри дека никогаш нема да може да роди поради многуте здравствени проблеми со кои се соочува. „Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да носам свои деца. Имам многу медицински проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на детето“, изјавила таа. Инаку, во 2013 година и беше дијагностициран лупус, а во 2017 година и беше трансплантиран бубрег. Сепак, таа тогаш не мислеше дека тоа ќе биде проблем. Како што вели, сега се помирила со тоа и прифатила дека нема да биде како што си замислила.
Извор