Семејството Голф со нов член – Кросовер!

Германците најавија компактен кросовер, развиен врз платформата MQB, уште од 2012, а оваа година го видовме и неговиот предвесник концептот T-ROC. Сега конечно во подготовка е и сериската верзија на оваа тема, која ќе биде комплетно готова во 2018 година.

Создавањето на новиот модел е дел од планот на Volkswagen да стане број еден во светот по производство на автомобили. За таа цел секаде каде е можно концернот да понуди новитети, па така е и со сегментот компактни кросовери. Кај Audi ќе видиме уште модели кои почнуваат со буквата Q, Seat најавува дури три, а и во Skoda се мисли истовремено за неколку слични модели. Во Volkswagen размислуваат идентично, а приоритет ќе има и претставнкот од фамилијата на Golf. Ова нема да е варијација на тема, како CrossGolf или Golf Alltrack, туку вистински оф-роудер.

Во автомобилот ќе се користи трансмисија 4Motion со спојка Haldex. Не се очекуваат чуда на техниката, како механича блокада на диференцијалот или систем за намалување на брзината, но off-road Golf ќе има фелни со поголем дијаметар, специјални гуми, засилени браници, модифицирана суспензија, заштита на подвозјето и поголем резервоар. Дизајнот исто ќе е поинаков, но со стилски елементи и детали од петвратната стандардна изведба.

Новиот кросовер ќе е дел од семејстовто на осмата генерација на Golf, во должина ќе биде идентичен со стандардна изведба и ќе е во пазарната гама на Škoda Yeti. Моделот треба да излезе на пазарот во 2018 година, а во 2019 ќе има свои американски и кинески варијанти. Палетата на мотори ќе е истата како кај хечбекот, но можеби ќе е проширена со хибридниот агрегат од Golf GTE.

За да се ослободи место за новиот Tiguan, кој треба да излезе во 2016, новината ќе порасне до 4,5 метри. Така гамата на кросовер на VW ќе биде доста густа, тргнувајќи од Taigun (должина на каросерија 3,86 m), следен од кросоверот Golf, потоа Tiguan и спортскиот Tiguan Coupe, Tiguan XL (CrossBlue 4,99 m) па се најголемиот, топ-моделот на брендот Touareg (4,8 m).

- Реклама -