Директорот на фондот за иновации и технолошки развој и неговата сопруга, згрижија дете покрај нивните три биолошки.
Сопругата на Јован Деспотовски во интервју за порталот Мама365 открива дека идејата за посвојување ја имале уште пред да имаат свои деца. Тие неодамна дознале дека постои и опцијата за згрижување на дете кое нема родители или е препуштено на институциите.
Иако, како што вели таа, претстои тежок период на адаптација, за почеток, целата процедура оди доста добро и децата го прифаќаат згриженото дете како дел од семејството.