Шпанските медиуми шпекулираат дека семејството на Пуџдемон се крие на Балканот, откако ескалираше ситуацијата со неговото разрешување од страна на Рахој.
Во Каталонија состојбата е сè понапната, особено откако е најавено дека разрешувањето на Пуџдемон може да резултира и со негово апсење од страна на шпанските власти.
Некои од озборувањата велат дека семејството на Пуџдемон избегало во Романија, од каде потекнува неговата сопруга, а други пак дека се во некоја од балканските земји.
Наводно, таа во договор со својот сопруг ја напуштила Шпанија поради моменталната ситуација во државата. Нејзе и двете ќерки никој не ги видел веќе неколку недели, а соседите се сомневаат дека таа заминала поради тоа што нејзиниот сопруг стана непожелна личност во Шпанија.