Сепак не можат еден без друг

Славниот пар ја раскина својата врска пред 7 месеци, но двајцата  повторно одлучија да си дадат нова шанса.

Во последните неколку години Џенифер Лопез немаше многу среќа во љубовта. Имено, таа во 2011 година се разведе од сопругот Марк Антони, а минатата година ја прекина 2 годишната врска со танчерот Kaспер Смарт. Но, очигледно тие не можат еден без друг, па одлучиле да и пружат нова шанса на својата љубов.

2

Како што пишуваат медиумите, парот ја прославил новата година во Лас Вегас, каде пејачката одржала концерт. Иако Џен е постара од него 18 години, тоа не им претставува проблем. Пејачката неодамна изјави дека се плаши од самотија, па многумина помислија дека тоа е причината зошто убавата Џенифер се смирила со поранешниот.

3

„Зависник сум од љубовта. Пронајдов утеха во нешто друго. Се соочив самата со себе и си признав дека имам страв од самотија, од тоа да бидам сама со себе. Ми требаа години и години за да научам да се носам со тоа. Прво научив како да се сакам, а потоа да се соочам со своите стравови“, откри тогаш пејачката.

Но, очигледно не мора да се плаши дека ќе остане сама…Барем за сега.

- Реклама -