Серија А: Лече победи во Венеција, Удинезе ремизираше кај Емполи


Во последниот натпревар од 13. коло на италијанското фудбалско првенство, Лече на гости ја победи Венеција со 1:0, остварувајќи ја првата победа во последните три кола.

Решавачкиот гол го постигна Патрик Дорга во 70. минута. Домашните имаа голем број шанси во текот на натпреварот, а најблиску до гол дојдоа во 38. минута кога Џеј Иџес ја погоди гредата.

Ова беше трет пораз по ред за Венеција од дното на табелата, додека Лече ја забележа првата победа во последните три кола и моментално е на 15-то место.

На претходно одиграниот натпревар Емполи и Удинезе ремизираа 1:1. Пјетро Пелегри му донесе водство на Емполи во 23. минута, а израмни Кеинан Дејвис во 76. минута.

Емполи победи само еднаш во последните девет кола и моментално е десетти со 16 бодови, додека Удинезе ја прекина серијата од три последователни порази. Со 17 поени е чекор над Емполи.

На чело на табелата е Наполи со 29 бодови, а Аталанта, Интер, Фиорентина и Лацио имаат по 28 бодови.

- Реклама -