„Сервирав одлично и тоа ми помогна во дуелот со Ѓоковиќ“

Најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер, ќе го брани својот трофеј на Вимблдон откако во полуфиналето го победи седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:4, 6:4 и 6:4). Негов противник во финалето ќе биде актуелниот освојувач на Ролан Гарос, Александар Зверев.

„Секогаш кога играм против Новак имам тежок натпревар. На Австралија опен направив неколку прилагодувања. Тој имаше тежок меч во четвртфиналето против Феликс. Сервирав навистина добро, што ми помогна во натпреварот, а од основната линија бев агресивен. Задоволен сум од својот настап“, изјави Синер.

Финалето на Вимблдон помеѓу Синер и Зверев е закажано за недела со почеток во 17 часот.