Севе му дала ултиматум на Милан: Купи ми куќа и ќе го видиш синот

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ по разделувањето со хрватската пејачка Северина Вучковиќ првпат јавно проговори за магазинот Gloria. Тој открил дека му е многу тешко затоа што не го гледа синот и зошто изминативе две години ја лажеа јавноста дека се заедно.

Како што рекол, Севе побарала од него многу повеќе од тоа што тој бил спремен да и пружи и дека на нејзините барања да и обезбеди комфорен живот, што подразбира куќа, слуги и обезбедување, тој понудил поинакво решение, а таа во револт прекинала секаква комуникација, најмила адвокат и така го започнала конфликтот околу Александар.

milan-popovic-severina-vuckovic-sin-aleksandar-610x327

„Во јули добив порака од Северина дека забележала дека нашиот син станува поприврзан кон мене и дека би сакала да им обезбедам исти услови какви што имам и во Загреб. Во спротивно, би ми го ограничила пристапот на детето“, открил Милан.

Тој рекол дека ќе се согласи да и купи имот на Севе во Загреб, ако тоа е услов за да може да го гледа детето. Вели дека веќе купил една куќа, но ја продал кога сфатил дека идејата за заеднички живот со Севе паднал во вода.

aleksandar-i-severina-1343074827-189043

Имајќи предвид дека Поповиќ изјавил дека раскинале во 2011 година, останува мистерија зошто го криеле тоа од јавноста и две години глумеа вљубена двојка.

„Не глумевме, само никој не зборуваше за тоа. Нашето раскинување беше процес. Имаше моменти кога двајцата сакавме да се вратиме на старото, нешто да поправиме, но знаевме дека тоа едноставно не оди. Еве, ситуацијата на Бријони, кога се бакнувавме на брегот, но јас спиев на брод, а Северина во хотел. Заеднички приоритет ни останува детето“, рекол Милан.

SEVERINA-I-MILAN1

- Реклама -