Северина за малку ќе се степала со цариниците

Српските цариници на граничниот премин Батровци во саботата ја запреле Северина Вучковиќ (42) и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ, кои се враќале во Загреб по нејзините настапи во Белград.
Кога им наредиле да го паркираат автомобилот за претрес во акцијата „Бура“ во која се барал напаѓачот на Милан Беко, пејачката луто реагирала.

– Дали сте вие нормални? Кој ви даде право да ги допирате моите работи? Јас сум позната пејачка, дали сте слепи?- беснеела пејачката која подоцна била убедена од страна на својот менаџер да се смири.

- Реклама -