Северна Кореја сега има способност директно да го погоди секој американски град

Северна Кореја има балистички проектили кои сега можат да погодат било кој град во САД со нуклеарно оружје, објави јужнокорејската новинска агенција Yonhap, цитирајќи официјален документ на американската армија.

Само до пред неколку години, во домет на Северна Кореја беа само Хаваи, Алјаска и најзападниот дел на САД. Сега, меѓутоа, Пјонгјанг има способност да детонира нуклеарна бомба дури и врз американската престолнина – Вашингтон. Ова им го овозможува новата балистичка ракета Hwasong-15. Нејзиниот последен тест се одржа на 29 ноември 2017 година, а аналитичарите на американската воена разузнавачка служба проценуваа дека максималниот опсег е околу 13.000 километри.

Како што откриваат аналитичарите, Хвасонг-15 може да носи доста тешка боева глава. Тоа би му овозможило на Ким Џонг Ун да ја погоди Америка со нуклеарна бомба илјадници пати помоќна од фрлените врз Хирошима и Нагасаки.

Воената команда на САД во Јужна Кореја ја признава способноста на Пјонгјанг да ја погоди целата територија на САД, иако медиумите во Сеул до скоро овие информации ги сметаа само за севернокорејска пропаганда.

Прочитајте и:  Запрен судскиот процес против Трамп за обидите да го поништи резултатот од изборите во 2020 година

По успешните тестови, Северна Кореја објави мораториум на нуклеарните и ракетните тестови, а истиот го почитува од крајот на 2017 година. Во меѓувреме започна и дијалогот меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Се шпекулира дека причината, или една од причините за нормализацијата на дипломатијата меѓу двете земји, се токму успешните ракетни и нуклеарни тестови на изолираната тоталитарна држава. Со тоа Пјонгјанг освен нуклеарни и водородни бомби, поседува и средства за нивна испорака.

Првиот состанок во последните 10 години меѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја се случи околу 4 месеци по интерконтиненталниот ракетен тест. Историскиот прв состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун се одржа околу 6 месеци по тестирањето на балистички ракети, за кои сега е јасно дека можат да стигнат до Вашингтон.

Според една од најновите вести од Северна Кореја, следната цел на режимот е да воспостави безбезносен систем на воздушна одбрана кој ќе може да се справи и со најнапредните американски стелт борбени авиони и бомбардери.

- Реклама -