Северна Кореја симулираше нуклеарен напад и окупација на Јужна Кореја

Северна Кореја симулираше нуклеарен напад врз Јужна Кореја и окупација на земјата во случај на конфликт.

Пјонгјанг претходно тестираше ракети со нуклеарни боеви глави и опиша како ќе ги користи во потенцијални војни со Јужна Кореја и САД.

Војската на Северна Кореја соопшти дека минатата ноќ истрелала две тактички балистички ракети од главниот град за да вежба воена тактика „изгорена земја“ на главните командни центри и оперативни аеродроми во Јужна Кореја, јави Корејската централна новинска агенција.

Северна Кореја соопшти дека ракетните тестови биле одговор на вчерашното прелетување на американските бомбардери со долг дострел Б-1Б, како дел од заедничката вежба со Сеул.

МИА

- Реклама -