Севилја продолжи каде што застана – никако да победи и во зоната за испаѓање (ВИДЕО)

Иако во минатата сезона до пред самиот крај беа конкурент на Реал Мадрид за титулата во Ла Лига, Севилја сезонава е мизерна, па каде застана до паузата за Мундијалот, продолжи и во ова последно коло во 2022 година, со нов меч без триумф, шести во низа и 75 дена без победа.

Севилја вечерва ремизираше на гости кај Селта во Виго, играјќи 1-1 за 12 бода на контото и пласман трети одоздола на табелата, во опасната зона за испаѓање, а не помогна премногу ни повеќе од едномесечната пауза за да се крене тимот. Кике Салас донесе бод со глот во 54-та минута, откако Селта со гол на Габриел Веига поведе во 33-та на асистенција на Јаго Аспас.

- Реклама -