Започна со работа sezarodenden.mk, сајт кој ќе ги реши сите ваши маки со изборот на подарок

Од 1-ви ноември стартува со работа единствениот интернет портал во Македонија sezarodenden.mk кој на едно место ви нуди производи од неколку десетици домашни и странски брендови кои со само еден клик ќе можете да ги купите и да ги подарите на вашите најсакани, без разлика каде во Скопје тие се наоѓаат.

Отворањето се случи вчера, на платото пред бистрото „Пиколо“, настан на кој присуствуваа многу претставници од бизнис секторот, македонски естрадни ѕвезди, стилисти, модни критичари и многу новинари, кои уживаа во прекрасната роденденска торта подготвена специјално за овој настан од „Канела“, вкусните вина на „Тиквеш“, музиката на DJ ONE, а тоа задоволство беше проследено од будното „око“ на нашите фоторепортери.

„СеЗаРоденден.Мк“ е портал кој на сите луѓе ќе им заштеди време, енергија и најважно од се ќе биде оддишка за нервите поради фактот што повеќе нема да има потреба да се излезе низ градскиот метеж за да се купи роденденски порадок, идеја која ја поддржа острото око на тимот на Уни Банка, која стои зад процесот на он-лајн тргување на „СеЗаРоденден.Мк“.

“Спроведените истражувања  на пазарот покажаа дека во Македонија недостигаше интернет портал кој на едно место ќе ги понуди сите корисни информации за прослава на еден роденден. Бројните анкети кои ги направивме посочија дека луѓето во Скопје имаат се помалку време за да го одберат вистинскиот роденденски подарок за нивните најблиски. Резултатите за жал покажаа и дека луѓето ретко добиваат подароци кои навистина ги израдувале, иако за жал многу пари биле потрошени тие да бидат купени. Поттикната од овие причини, одлучив да основам компанија која ќе понуди буквално се за најзначајниот ден во годината на секој човек. Едноставно се за роденден! За уште посреќен роденден!“, вели сопственичката на „СеЗаРоденден.Мк“, Ивана Колева.

„СеЗаРоденден.Мк“ е местото каде освен вообичаени подароци, луѓето ќе можат да пронајдат и малку поуникатни роденденски подароци како јавање коњи, масажи, тренинзи по зумба, аеробик, фитнес и многу други. Тука можете да пронајдете производи од „Ла Коста“, „Би- воч“, „Калцедониа“, „Интимисими“, „Или“, „Бистро Пиколо“, кафе- книжарница „Три“…

- Реклама -