Фудбалерите на Реал Мадрид, Арда Гулер и Едер Милитао, ќе бидат надвор од теренот до крајот на сезоната поради повреди, објави шпанскиот весник „Марка“.
Гулер се соочи со повреда на тетивата на десната нога, додека Милитао има проблеми со левата. Двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес кој се одржа во вторникот.
Клубот соопшти дека повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и неговото учество на Светското првенство за Бразил сега е „неизвесно“.
„Сепак, случајот на Гулер е пооптимистичен и постои уверување дека неговото закрепнување напредува добриот правец, па се очекува да биде спремен за Светското првенство. Тој е редовен стартер за Турција и сите веруваат дека нема да го пропушти“, пишува „Марка“.
Милитао има одиграно само 21 натпревар за Реал Мадрид оваа сезона поради повреди, додека 21-годишниот Гулер, кој игра на крилната позиција, на досегашната сезона има 50 настапи и постигнати шест гола за шпанскиот клуб.
Реал Мадрид се наоѓа на второто место на табелата во шпанската Примера со 73 бода, девет помалку од првопласираната Барселона. Неговиот настап во Лигата на шампионите заврши со пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето.
Foto/ Depositphotos




