Кога Либертас краде статии, се случува ова

Статии се краделе и ќе се крадат, но сепак, мора да се има малку „усул“. Ај што ја мазнале статијава (Дваесетина докази дека Јапонците се експерти за кул изуми)  со најпацерски копи-пејст момент, без око да им трепне, туку заборавиле и хиперлинков да го тргнат.

Да се разбереме, не се само Либертас, они некако сега ни се наместија на пенал …

 

PS. Фала ви, Либертас, што бар на крај сте пишале 365. Ама не е доволно. Не се прави така, и вие тоа добро го знаете.

PPS. Прочитајте ја нашата статија за шахтите во продолжение:

Шахтите на Јапонија се закон

 

japanese-manhole-covers-1

Постојат многу начини на кои властите и уметниците можат заеднички да ги декорираат градовите, но во Јапонија имаат едно мошне неочекувано, а креативно и прекрасно решение – декорирање на шахтите.

Датира уште од 1980-тите, кога Јапонија почна да ја модернизира канализациската инфраструктура во руралните области. Тоа значеше градење на подземна канализација со надземни отвори за пристап (шахти), како на Западот; а шахти како шахти, беа исти како и во сите други земји. Тоа беше голем важен, голем и скап проект, но наиде на отпор кај локалните жители. Така беше сé додека еден од бирократите не се досети на вака естетско и инспиративно решение – да им се даде можност на градовите да ги декорираат своите шахти со локални мотиви.

Оттогаш секоја општина се гордее на своите дизајни на шахтите, а целата работа достигна степен на една убава локална „војна“. На шахтите ќе сретнете мотиви од општински симболи и локални пејзажи, па до апстрактни дизајни или илустрации на локални легенди. Феноменот си доби и книга – Drainspotting, на Ремо Камерота.

japanese-manhole-covers-3
japanese-manhole-covers-4
japanese-manhole-covers-5
japanese-manhole-covers-6
japanese-manhole-covers-7
japanese-manhole-covers-8
japanese-manhole-covers-9
japanese-manhole-covers-10
japanese-manhole-covers-11
japanese-manhole-covers-12
japanese-manhole-covers-13
japanese-manhole-covers-14
japanese-manhole-covers-15
japanese-manhole-covers-16
japanese-manhole-covers-17
japanese-manhole-covers-18
manhole-covers-japan-coverimage

Ова се фотографии од S. Morita. На неговиот Flickr профил ќе најдете многу повеќе.

- Реклама -