Шакира нема да се омажи за Пике

Шакира и Жерард Пике имаат 17-месечно дете, но и покрај тоа во оваа фаза двајцата не планираат свадба.„ Ја имаме нашата љубов, го имаме нашето дете. Што повеќе? Се сакаме … вонредно многу! Ако се земеме, тоа нема да промени ништо, но ако некогаш се омажам, ќе се омажам, се разбира, за Жерард “, вели Шакира.

37-годишната колумбијка и 27-годишниот фудбалер на Барселона се запознаа за време на Мундијалот во Јужна Африка  во 2010 година.

„Нашата љубов со Жерар ме прави среќна. Раѓањето на Милан – уште посреќна. Јас сум најсреќниот човек на земјата! ”

- Реклама -