Шакира објави најава за новата химна на Светското фудбалско првенство

Нова химна за Светското првенство

Популарната колумбиска пејачка Шакира на социјалните мрежи објави дел од својата нова песна „Дај, дај“ (Puntería), која е наменета за претстојното Светско фудбалско првенство што ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. Со пораката „Подготвени сме“, таа најави дека целата песна ќе биде промовирана на 14 мај. Во проектот учествува и нигерискиот артист Бурна Бој.

Претходно, Шакира го привлече вниманието на обожавателите со фотографија од спотот на нејзината култна песна „Waka Waka“ (This Time for Africa), која беше официјална химна на Мундијалот 2010. Оваа песна и денеска има над четири милијарди прегледи и се смета за една од најгледаните во историјата.

Прочитајте и:  (Видео) Стравовита сцена, Ериксен повторно се колабираше во текот на натпреварот

И покрај тоа што во 2014 година ја изведе песната „La, la, la“ за Светското првенство во Бразил, официјалната химна тогаш беше „We Are One (Ole Ola)“ во изведба на Џенифер Лопез и Питбул.

Овој нов проект само ја потврдува нејзината титула на „кралица на Мундијалите“, која ја зацврсти со спектакуларен концерт пред два милиони гледачи на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, одржан на 2 мај 2026 година.