Шангај 2017: Премиера на долгата „петка“ на BMW

BMW ги понуди првите детали за учеството во овогодинешното издание на автосалонот во Шангај (21-28 април), каде главниот акцент ќе биде на светската премиера на долгата верзија на новата генерација на Серија 5.

За време на саемот јавна премиера ќе направи и најновата специјална верзија на спортскиот plug-in хибрид – i8 Protonic Frozen Yellow Edition, а деби во Азија ќе имаат Concept X2, обновената четворка и новите услуги за апликацијата BMW Connected, развиени специјално за локалниот пазар.

Иако нема детали за новата BMW 5 Long Wheelbase што се произведува ексклузивно за кинескиот пазар од BMW Brilliance Automotive, од баварската компанија велат дека таа ќе дебитира со зголемено за 133 mm меѓуоскино растојание и во зависност од модификација, ќе биде до 130 килограми полесна од својот претходник. Новата долга „петка’ ќе предложи сериозно зголемување на просторот за патниците на задните седишта, подобрена звучна изолација на ентериерот, ергономски задни седишта со електрично управување, пакет Ambient Air и Sky Lounge Panorama стаклен плафон.

Светската премиера за време на меѓународниот саем во Шангај ќе го одбележи и новата MINI John Cooper Works Countryman, кој е опремен со најмоќниот погонски агрегат, кој некогаш бил дел од портфолиото на брендот. Четирицилиндерскиот турбо ветува максимална моќност од 231 коњска сила, а во комбинација со системот за погон на четири тркала ALL4 се претвора вистинска „ѕверка“ која е во состојба да ги задоволи и најекстремните фанови.

- Реклама -