Ви здодеа вашата кујна со стандардни бои и сакате промена? Време е да ги разбиете стереотипите во врска со примената на бои кои се по некое непишано правило карактеристични за кујната, како црна, бела и кафена, и да пробате смели тонови и нивни комбинации.
Боите можат сосема да го трансформираат просторот, но бидете умерени да не ја уништите основната идеја. Целта е да ја здржите рамнотежата, особено кога станува збор за материјалите од кои се направени елементите, како и апаратите кои ги користите.
Доза инспирација во продолжение.