Шефот на иранската специјална тајна служба е израелски агент, вели поранешниот претседател Ахмадинеџад

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад за време на интервјуто за Си-Ен-Ен Турк откри дека се испоставило оти шефот на единицата на тајната служба, која беше формирана да ги таргетира агентите на Мосад во земјата, всушност бил израелски агент, пишува Тајмс оф Израел.

Зборувајќи за Си-Ен-Ен Турк, Ахмадинеџад рече дека уште 20 агенти во иранскиот разузнавачки тим задолжени за следење на активностите на израелското разузнавање, исто така, се свртеле против Техеран.

Двојните агенти наводно му пренеле чувствителни информации на Израел за иранската нуклеарна програма, заклучува поранешниот претседател.

Минатиот месец, иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда соопшти дека 12 лица се уапсени под сомнение дека служеле како оперативци кои работеле со Израел и подготвувале заговор против Иран.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -