Шефот на Пентагон ги осуди украинските напади врз руските рафинерии

Нападите на Украина врз рафинериите во Русија можат да влијаат негативно на светските енергетски пазари затоа Киев треба да селектира други цели, изјави синоќа шефот на Пентагон Лојд Остин.

-Тие напади можат да направат домино ефект во глобалната ситуација со енергетиката. И, чесно говорејќи, мислам дека за Украина е подобро да нанесува удари по тактички и оперативни цели кои директно можат да влијаат на тековните воени дејства, изјави Остин синоќа на сослушување пред сенатската Комисија за вооружени сили.

Тим Котон, сенаторот републканец коментираше на ова дека позицијата на Остин доаѓа од чисто политички причини. „Ми се чини дека администрацијата на Бајден не сака цените на гасот и нафтата да растат во изборна година“, изјави Котон.

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема

Вашингтон досега повеќекратно го повика Киев да запре со нападите на енергетската инфраструктура на Русија.

Украина од почетокот на годината започна кампања со напади на беспилотни летала врз главните складишта со гас и рафинерии на Русија. Последниот напад се случи минатата недел врз една од најголемите рафинерии во земјата лоцирана во Татарстан и одалечена повеќе од 1.300 километри од боиштето во Украина.

Нападите нанесоа сериозна штета врз рафинерските постројки и прозводството на горива во Русија. Според некои западни медиуми, прозводството на бензин во март се намалило за 10 отсто, додека производството на дизел за четири отсто. Аналитичарите предвидуваат дека внатрешниот пазар на земјата во мај може да се судри со недостаток од бензин.

- Реклама -