Шехеразада торта

Ова е торта со фантастичен вкус.

 Состојки

600g  бисквити

400g шлаг крема со вкус на слатка павлака

400ml минерална вода

200g прав шеќер

250g маргарин

1l млеко

3 кесички пудинг од карамела

9 лажижчки шеќер

Подготовка

Сварете го пудингот со млекото, заедно со 9-те лажички шеќер. Оставете го да се олади, повремено мешајќи за да не се создаде кора. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и соединете ги со ладниот пудинг. Добро изматете со миксерот.

Шлагот помешајте го со минерална вода.

Редете еден ред бисквити, премачкајте со филот од пудинг, а преку тоа премачкајте слој шлаг, повторно кекс и така шест пати.

На крај завршете со шлаг и украсете по желба.

Бисквитите не се топат.  Тортата направете ја ден порано, а утредента бисквитот веќе ќе биде омекнат од фил.

- Реклама -