Шекеринска за оценката на Хојт Ји дека се глумат реформи: Ние сме исклучок (ВИДЕО)

Прашана за оценката на поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Брајан Хојт Ји, дека Западниот Балкан се преправа дека спроведува, а ЕУ дека се спроведени конкретни реформи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговори дека во случајот со Северна Македонија се работи за исклучок.

Повикувајќи се на Вашингтон и најголемиот дел членки на ЕУ, како и Европската комисија, Шекеринска оцени дека „ние сме тие кои одиме наспроти ветрот“.

„Во една ситуација во којашто има сериозни проблеми, а во некои делови и уназадување на Западниот Балкан, ние се спомнуваме како пример кој е спротивен. Кадешто резултатите се гледаат и кадешто политичката волја постои“, истакна Шекеринска, потсетувајќи на прес-конференцијата на ОБСЕ/ОДИХР на денот по изборите, во која тие ја пофалија демократската атмосфера во која поминаа изборите, констатирајќи дека кога има политичка волја, резултатите веднаш се гледаат.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО
- Реклама -