Шер „облечена да убие“

Иако веќе неколку пати најавуваше дека ќе се повлече и дека е на „последната турнеја“, Шер (67) е повторно пред публиката!
Легендарната пејачка е на својата нова турнеја наречена „Dressed to Kill”. Сосема погодно! На сцената, таа менува повеќе од 10 костими, од познатото трико кое го носи за песната „Turn back time”, преку разнобојните перја кои ги имаат Индијанците до палми направени од пердуви на главата.

Првично, турнејата имала 49 станици низ Америка, а сега, таа најавила дека ќе има дополителни 27 концерти.
Неверојатен е фактот дека Шер има 67 години и дека на сцената е присутна веќе 50 години.

Критиката за нејзината турнеја, глас и постојаните промени на костуми се изјаснила со коментарот дека што се однесува на нејзината публика, никогаш и не мора да престане да настапува.

Погледнете ги сите костими кои ги носи Шер:

- Реклама -