Шест навики кои повеќе штетат отколку што користат

Иако мислиме дека некои своите активности имаат позитивно влијание врз нашето здравје, понекогаш сепак правиме повеќе штета него добро.


1. Компулсивна употреба на сретства за дезинфекција на раце

Ако често користите гел за дезинфекција на рацете можеби треба да направите мала пауза. Освен ако не работите во болница или некои други места за чисти раце ќе ви бидат доволни вода и сапун. Ако, водата и сапунот не ви се достапни, тогаш геловите за дезинфекција кои ќе ги изберете бидете сигурни дека меѓу состојките не се наоѓа triclosan кој може да поттикне бактериска отпорност на антибиотици и вируси.

2. Миење на забите по секој оброк

Иако четкањето на заби веднаш по оброкот изгледа како одлична идеја, сепак можеби треба да почекате некое време. Остатоците од храната можат да остават зад себе киселина која го слабее забниот глеѓ и со четкањето на забите може многу лесно би можеле да се оштетат. Тоа е причината зошто после конзумирање на храна во текот на денот, можеби е попаметно да ја исплакнете устата само со вода, а да ги четкате забите наутро и навечер.

3. Прескокнување на оброци за да оставите простор за подоцна

Луѓето често пати ги прескокнуваат оброците за подоцна повеќе да се најадат. Многумина мислат дека распоредот на оброци не е важен доколку правилно се распоредени калориите. Меѓутоа кога една личност го прескокнува доручекот се јавува потреба од слатки и благо или пак нешто трето. Па затоа е подобро во текот на денот да јадат оброци со протеини, за навечер да не јадеме премногу.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

4. Конзумирање на само флаширана вода

Многумина денес пијат исклучиво вода од шише, но вистината е дека во таа вода нема флуорид, а недостатокот од овој елемент ги расипува забите. Затоа се препорачува конзумација на вода од чешма, особено во нашата земја каде водата може безбедно да се пие.

5. Концентрирање на кардио вежби

Иако кардио вежбите се најефективни за губење на вишокот килограми сепак треба да се комбинираат со други вежби за телото да не се навикне на еден ист режим. Експертите затоа препорачуваат кардио вежбите понекогаш да ги прескокнете и замените со зацрвстување на телото, а така и поефикасно се трошат калориите.

6. Претерување со додатоците во исхраната

Повеќе не секогаш е и подобро, особено кога станува збор за витамини и минерали. Луѓето често пати на “своја рака“ земаат додатоци во исхраната, а не ни знаат дали воопшто им се потребни, а прекумерната конзумација на истите може да предизвика сериозни последици. На пример, големи количини на витаминот А можат да го оштетат плодот кај бремените жени, претерувањето со витаминот Ц може да доведе до проблеми со дигестивниот систем, а прекумерното конзумирање на Б6 доведува до оштетување на нервите. Секогаш се препорачува советување со доктор, а не да се делува своеволно.

- Реклама -