Шилегов „поздравен“ со свирежи на новогодишната прослава на плоштадот (ВИДЕО)

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кого порталот „Центар.мк“ го прогласи за „Градоначалник на годината“, на новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“ го пречека сосема поинаква атмосфера. Неговиот обид да им се обрати на присутните на една минута пред полноќ бил дочекан со жестоки свирежи и „сочни“ извици кои не се во склад со горенаведеното признание, објави „Експрес.мк“.

Можеби тоа се должи на фактот што Шилегов се обидел да се обрати во момент кога атмосферата требаше да биде најеуфорична – на една минута пред полноќ, а можеби има врска и со фактот што Шилегов е актуелен градоначалник на најзагадениот главен град во Европа. Во секој случај, свирежи го пречекале и при второто обраќање, по полноќ и огнометот, во кое Шилегов им ја честиташе Новата година на присутните.

Повеќе детали на „Експрес.мк“.

- Реклама -