Шмихал: Русите уништија 90 отсто од термоенергетските капацитети на Украина

Речиси сите капацитети на Украина за производство на топлинска енергија се уништени од нападите на Русија со оружје со долг дострел, изјави премиерот Денис Шмихал, додавајќи дека земјата сега мора да се потпре на замени.

Шмихал рече дека Киев прави се за да ја зголеми енергетската одржливост, особено во регионите на првите линии и областите што граничат со Русија. Тој додаде дека „градовите кои зависат од големите термоелектрани се особено ранливи“, имајќи предвид дека Русија „намерно ги нападна“ овие типови објекти, „уништувајќи или оштетувајќи речиси 90 отсто од вкупното производство на топлинска енергија“ во земјата, пренесува Раша тудеј.

Украинскиот премиер додаде дека приоритет на Киев е да им обезбеди на овие региони алтернативни извори на топлина и електрична енергија, истакнувајќи дека Харков, вториот по големина град во земјата, доби десетици единици за енергетска опрема, вклучително и моќни генератори на електрична енергија.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Украина летово доживеа сериозен недостиг на електрична енергија и покрај увозот од соседните земји. Владата постојано го повикува населението да штеди електрична енергија, додека украинската државна енергетска компанија Укренерго воведе ограничувања за снабдување со електрична енергија за индустриските потрошувачи.

Во септември, набљудувачката мисија на ОН за човекови права предупреди дека руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина може да имаат „погубни последици“ за земјата.

Александар Литвиненко, секретар на Националниот совет за одбрана и безбедност, рече дека Киев очекува помасовни руски напади кога ќе дојде грејната сезона.

- Реклама -