Што да правите кога ќе ви отечат нозете?

Тешки и отечени стапала се типична летна мака, но и за неа има лек.

Секое утро вашите стапала и нозе изгледаат вообичаено. Меѓутоа, до крајот на денот се отечени и едвај чекте да ги собуете чевлите. Зошто се случува тоа и што треба да преземете?

Отоците се создаваат затоа што течноста се собира во ткивото, а целиот процес е последица на отежнат крвоток. Нозете отекуваат особено во лето кога под влијание на сонцето и топлината крвните садови и капилари се шират.

Што да преземете?

Намалете со солот – што придонесува за задржување на течностите

Исправете ги нозете додека лежите – легнете на грб, подигнете ги нозете на цврста подлога и останете во таа положба барем десет минути. Повторете три пати дневно

Редовно вежбајте – тренингот ја подобрува циркулацијата

Симнете ги вишокот килограми – прекумерната телесна тежина ја забавува циркулацијата на телесните течности и додава притисок на вените

Избегнувајте долго седење – отприлика на секои два часа станете од стол и прошетајте кратко

Внимавајте на лековите – со лекарот разговарајте за терапијата што ја користите. Одредени лекови може да придонесат за отекување

Во краен случај – посетете доктор ако отокот не се намалува, а при тоа почувствувате и отежнато дишење и нагло дебелењње

- Реклама -