Шојгу: Руските војници го потиснуваат непријателот од своите позиции, ќе бидат создадени две нови армии и 30 формации

Русија објави дека нејзините војници ги потиснуваат украинските сили и дека до крајот на оваа година ќе бидат засилени со две нови армии и 30 формации.

Русија претходно повлече дел од своите сили на исток и југ, откако беше премногу распространета на голема територија, но оттогаш напредува против украинската армија, која минатата година започна неуспешна контраофанзива. Русија контролира нешто помалку од една петтина од територијата на Украина, а рускиот претседател Владимир Путин и нареди натамошно напредување откако минатиот месец го освои источниот град Авдијевка.

„Групи руски војници и натаму го потиснуваат непријателот од своите позиции. САД и нивните сателити се крајно загрижени за успехот на руските вооружени сили“, им рекол министерот за одбрана Сергеј Шојгу на генералите.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“

Тој најави дека Русија, која регрутирала стотици илјади платеници, ќе создаде две нови армии и 30 формации, вклучувајќи 14 дивизии и 16 бригади.

Западните разузнавачки лидери сметаат дека војната е на пресвртна точка. На Киев му треба повеќе оружје од западните сојузници за да избегне дополнителни порази на бојното поле. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера изјави дека опстанокот на Украина е во опасност.

- Реклама -