Шолц бара проширување на ЕУ и укинување на правото на вето за државите-членки

Прага, 29 август 2022 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Прага ја изрази својата поддршка за проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија. Шолц уште истакна дека треба да се укине правото на вето при гласањето во рамките на ЕУ.

„Онаму каде што во моментов е потребна едногласност (во ЕУ), ризикот од една земја да блокира одлука се зголемува со секоја нова земја-членка“, рече канцеларот, сугерирајќи непречена транзиција кон мнозинско одлучување.

Шолц исто така ја изрази својата поддршка за идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за создавање „европска политичка заедница“ што ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да одржуваат редовни разговори со нивните „европски партнери“ од земјите кои не се членки на ЕУ.

Прочитајте и:  Поделени мислења во ЕП: Едни бараат безрезервна поддршка за Украина, други обвинуваат и предупредуваат на нуклеарна апокалипса

Германскиот канцелар уште додаде дека Бугарија, Романија и Хрватска ги исполнуваат сите услови за да добијат полноправно членство во шенген-зоната за безвизно патување.

- Реклама -