Шолц: Украина 100 години ќе ги чувствува последиците од војната

Берлин, 11 мај 2022 (МИА) – Украина може да очекува дека ќе ги чувствува последиците од руската војна „100 години“ поради неексплодирани смртоносни средства во градовите, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој додаде дека сојузниците ќе помогнат во обновата на Украина.

„Оние кои живеат во Германија знаат дека сè уште често се откриваат бомби од Втората светска војна. Украина треба да се подготви да се бори со последиците од оваа војна уште 100 години“, изјави Шолц.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -