Шпанија во Украина испраќа воена опрема вредна милијарда евра

Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра, како дел од билатералниот договор што денеска во Мадрид го потпишаа шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Најважно е брзо да и помогнеме на Украина да се одбрани, рече Санчез на прес-конференција.

– Сакаме да испратиме порака до Украина, меѓународната заедница и (рускиот претседател) Путин дека ќе стоиме покрај Украина се додека е потребно за да се обезбеди нејзината слобода, територијален интегритет и суверенитет, додаде тој.

Зеленски денеска е во својата прва посета на Шпанија откако Русија ја почна инвазијата врз Украина пред 824 дена.

Украинската армија се соочува со руска офанзива во источниот регион Харков, па Зеленски бара од западните сојузници дополнително оружје.

Украина во исто време продолжува со бомбардирања на внатрешноста на Русија, при што денеска загина едно лице, а тројца се ранети.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

– Русија сака да не уништи, рече Зеленски и се заблагодари на Шпанија за помошта.

Шпанија вети дека ќе испрати десетина ракети за американските противвоздушни системи Патриот и 19 користени тенкови и муниција Леопард 2А4 од германско производство.

Покрај ракетите нема да има и цел систем, пишува весникот „Ел Паис“, а Санчез рекол дека не е можно Шпанија да испраќа „Патриоти“, туку дека веќе испраќа ракети.

– Денеска разговаравме за противвоздушни системи. Шпанија не може сама да ни помогне во ова прашање, но такви системи има доволно во светот, рече Зеленски.

Украинскиот претседател денеска се сретна со шпанскиот крал Фелипе Шести, а во текот на денот ќе се сретне и со претставници на шпанскиот парламент и на опозицијата.

- Реклама -