Штетни ефекти од газираните пијалаци

Газиран пијалакГазираните пијалаци (а особено соковите) се меѓу најпопуларните во светот, а кон тоа покажуваат огромните профити генерирани од произведувачите на тие пијалаци. Популарноста е очекувана – тие се вкусни, освежителни, слатки… Но, колку знаете за нивните негативни ефекти врз вашето здравје?

Газираните пијалаци (а особено соковите) се меѓу најпопуларните во светот, а кон тоа покажуваат огромните профити генерирани од произведувачите на тие пијалаци. Популарноста е очекувана – тие се вкусни, освежителни, слатки… Но, колку знаете за нивните негативни ефекти врз вашето здравје?

Газиран пијалакГазираните пијалаци не се пријатели на вашето здравје

Газираните пијалаци содржат многу малку или најчесто воопшто не содржат витамини или какви било хранливи материи. Но, затоа се полни со кофеин, шеќер (или уште полошо – вештачки засладувачи), презервативи, вештачка боја и вкус. Овие материи придонесуваат кон појава на: неухранетост, гојазност, кариес, дијабетес и болести на срцето.

Ефекти од конзумирање диетални газирани сокови

Многумина мислат дека замената на обичните газирани сокови со диетални е добра идеја. Ова е едноставно погрешно. Во нив, наместо шеќер има вештачки засладувачи. Тие пак, се лоши по вашето здравје. Некои од нив се докажани како материи кои го зголемуваат ризикот од рак (сахарин), а други (аспартам) го мамат мозокот дека она што го конзумирате е благо, по што, подоцна се јавува неодложна желба за конзумирање слатки, со што тие материи директно придонесуваат за зголемување на масните наслаги, особено во пределот на стомакот.

Карбонизацијата го намалува калциумот

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Долгорочно конзумирање на газирани пијалаци (вклучително и газирани вода) во големи количини, го намалува нивото на калциум во организмот. Калциумот е основа за добра коскена структура, па така, ваквата навика може да придонесе кон зголемување на ризикот од остеопороза. Дополнително, кофеинот уште толку ги намалува нивоата на калциум, а придонесува и за зголемување на нивоата на стрес и предизвикува несоница.

Здрави замени за газираните пијалаци:


– Вода –
Обичната вода не само што е добра замена, туку е и неопходна за организмот. Конзумирајте онолку колку што ви е потребно, но не ни помислувајте да ја изоставите ниту еден ден!;

– Овошен сок –
Овошните сокови се вкусни како и газираните, само што за разлика од нив, го подобруваат здравјето, наместо да му наштетат. Ако случајно ви се премногу слатки, можете и да ги разводните;

– Чај –
Чаевите со добра причина останале дел од толку многу култури, толку долго време. Тие даваат енергија, најчесто имаат лековити својства, но веројатно најважно од сѐ – чаевите се силни антиоксиданси.

- Реклама -