Штип го одликуваше Стојанче Ангелов со орден „Свети Никола“

Општина Штип вечерва го одликува генералот Стојанче Ангелов, кој по потекло е од Штип, со орденот „Свети Никола“.

Како што објасни градоначалникот Благој Бочварски, орденот му се доделува на Ангелов затоа што низ многу турбулентни случувања покажал како се сака Република Македонија.

„Во 2001 година кога земјата ни крвареше, Генерал Стојанче Ангелов не се штедеше туку со храброст и пожртвуваност замина на боиштата во одбрана на татковината. Генералот во сите изминати години жестоко се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата. Големината на овој човек е и во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување. Токму таа негова одлучност за поддршка и личен влог за успехот на концептот на едно општество за сите, го прави Генерал Стојанче Ангелов да биде носител на орденот Свети Никола доделено вечерва од мене во име на граѓаните на општина Штип“ – рече Бочварски.

Прочитајте и:  Дел од Штип и околината со проблеми со снабдувањето со струја

Признание „Свети Никола“ за достигнувања и реални заслуги добија и бизнисменот Штерјо Наков – почесен конзул на Република Романија во Македонија со седиште во Штип, на Бранко Азески – почесен конзул на Црна Гора со седиште во Штип, и штипската компанија „Пеком инженеринг“ како општествено одговорна компанија.

- Реклама -