Real Life Lore се истите дечки што прашуваа што ќе се случи ако сите луѓе живееја во еден град. Сега одат чекор понатаму: што ако целиот свет живееше во една зграда?
Колку би била голема таа зграда што би собрала 7.4 милијарди луѓе?
Одговорот е навистина изненадувачки – не многу голема. Таа означена со црвено на сликата погоре би била сосема доволна, а би зафаќала само неколку блокови од Менхетн.
Е сега, таквата зграда би била висока 1346 метри, а толку долга би била и секоја од страните, но Бурџ Калифа е висока 829 метри, па таквата висина е сепак нешто што би се сметало во рамките на изводливото. Од друга страна, секој во таа зграда би живеел во простор колку еден ковчег – но поентата е дека ние луѓето би можеле да изградиме една таква зграда.
Ако зборуваме за други структури и се позабавиме со малку математика околу тоа колку луѓе би собрале, излегува следново:
• Големата џамија во Мека, Саудиска Арабија – 4.000.000 луѓе
• Гигафабриката на Tesla – 2.650.000
• „Кристалниот Остров“ во Москва – 12.500.000 луѓе
• Фабриката на Боинг во Вашингтон (Boeing Everett Factory) – 40.831.000 луѓе.