Што би се случило кога би исчезнале сите мачки?

machka

Иако мислиме дека миленичињата зависат од нас, вистината е дека и ние прилично зависиме од нив. Истражувањата покажуваат дека светот без мачки би бил во многу нешта поинаков од оној што го гледаме денес.

Мачките, домашните миленичиња и скитниците многупати нѐ наведуваат да помислиме дека зависат од храната што луѓето им ја сервираат, но според зборовите на Алан Бек, професор по ветерина од Универзитетот Пердју, овие животни се одлични предатори со типично однесување на ловци.

Мачките се важни за нашата планета. Имено, тие се значајни зашто ловат мали животни, пред сѐ глодари. Со убивањето на глувците, мачките спречуваат ширење на бројни зарази и нечистотија. Во Индија се верува дека мачката со убивањето на глдари – штетници – „го чува“ зрното што се користи како човекова храна. Со други зборови иако вистината е дека луѓето ги хранат мачките, без мачките во светот, луѓето се оние кои не би имале за храна.

За тоа колку драстично пораснал бројот на глувци во светот, сведочат многубројните студии. Во Велика Британија во 1997 година едно научно истражување покажа дека една мачка во текот на половина година лови околу 11 животни. Тоа значи дека 9 милиони мачки (колку што во тоа време се забележани во Британија) ловат околу 200 милиони животни годишно.

Да не го заборавиме ни тоа колку мачките би им недостасувале на своите сопственици. Едно истражување спроведено во Велика Британија покажува дека има повеќе мачки како домашни миленичиња, отколку кучиња. Причината за тоа е што едно домаќинство често чува повеќе мачки, додека сопствениците на кучиња воглавно се задржуваат на едно. Мачките како миленичиња се доста почитувани поради својата самостојност и лесното одржување.

- Реклама -